| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ан блок ги отфрла нашите предлози, а не сака да се соочи на дебата (видео)

Izjava SDSM MВМРО-ДПМНЕ постојано ја обвинува опозицијата дека ги критикува сите мерки на власта и не покажува конструктивност. Сега кога тие самите имаат можност да покажат дека се доследни на своите принципи и сакаат конструктивност, нивните претставници, веднаш, ан блок ги отфрлаат и напаѓаат сите наши предлози, без да сакаат јавно да се соочат на дебата – изјави денеска пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов, претседател на собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Тој вели дека граѓаните знаеле дека стапка од 9% е пониска од 10%, што значи дека оние кои имаат приходи под илјада евра месечно, а тоа се над 80% од нив, ќе плаќале помалку персонален данок на доход.

-Сите постојни ослободувања кај платите остануваат исти и тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат помалку. Единствено повеќе ќе плаќаат богатите граѓани, што е сосема во согласност со суштината на праведното оданочување, праведната распределба на државното богатство и враќање на средната класа. Во делот на ослободувањата на каматите на штедните влогови нашиот предлог е исто така јасен, тие ќе бидат законски ослободени од оданочување, а владата бадијала сака нешто да минимизира. Кај можноста 30% од данокот на добивка да биде дониран за развој на спорт, наука, образование…, прво, тоа е познат модел во многу држави, па нема потреба од страв. Кога зборува за перење пари, дали владата всушност си ги открива сопствените скриени намери за злоупотреби, и сметаме дека еден директор на УЈП не би смеел да го кажува тоа како аргумент за непреземање реформи. Впрочем, СДСМ вчера јасно кажа дека контролата на таквите евентуални злоупотреби ќе биде системска и по однапред утврдена методологија. Од друга страна, таквата можност ќе значи слобода за директно поврзување на бизнисот со науката, образованието, и сл, што е рецепт во многу развиени држави за унапредување на конкурентноста на бизнисите и сл – вели тој.

Според него власта се плаши да предаде дел од својата власт, односно од можноста да ги собира сите пари кај себе и потоа да одлучува кому она ќе даде пари, а кому нема да даде.

– Кај данокот од имот, при напаѓањето на нашата предлог мерка, директорот на УЈП сам кажа дека има нови решенија кои се различни од досегашните. Кој апсурд, со негирање на мерка, дава признавање дека таа има новина. Кај ослободувањето на приходот од земјоделие од данок аргументите на Трајковски беа ужасни. На земјоделците и на сите граѓани им е јасно дека со нашата предлог мерка ќе дојде до нивно ослободување од плаќање данок. Тоа е само уште една потврда дека власта навистина не сака земјоделците да бидат независни од неа, за делење субвенции и сл, туку таа сака она да ги собира парите кај себе, па потоа со нивно делење да корумпира – рече Николов и запраша зошто ниеден од дирктно поканетите претставници на власта (Ставревски и Пешевски) не дошол на дебатата која се организирала во средата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top