| четврток, 6 декември 2018 |

Ристо Магдинчев нов селектор на женската репрезентација

Искусниот ракометен стручњак Ристо Магдинчев е нов селектор на женската репрезентација на Македонија, со одлука на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија. Магдинчев ќе го наследи Гино Стрезовски, кој си замина по неуспехот и двата порази од Шпанија во бараж-мечевите за пласман на Светското првенство во Србија, што ќе се игра во финишот на оваа година.

– Беа пристигнати пет кандидатури, од кои ние едногласно сметавме дека Ристо Магдинчев е оној што може најмногу да пружи на функцијата селектор на женската репрезентација. Одлуката на нашата комисија беше едногласна и наша препорака е Магдинчев да седне на селекторското место – изјави Емил Угриновски, директорот на женската ракометна репрезентација на Македонија.
Ракометната легенда Стевче Алушовски официјално беше промовиран во директор на сите машки репрезентации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top