Ракометарите на македонскиот шампион Вардар рутински славеа победа против Ловќен со 17 гола разлика, 36-19 во меч од седмото коло во Регионалната СЕХА-лига.
Денешниот натпревар беше одличен тест пред важниот дуел со Вакер Тун во Лигата на шампионите, што ќе се игра викендов во Швајцарија.
Уште од самиот почеток на средбата вардарци тргнаа фуриозно и експресно за половина полувреме, до 15 минута, поведоа со 10 гола предност, 13-3.
По 30 минути игра на семафорот стоеше резултат 21-9 за македонскиот првак, а и на крајот беше уште поубедливо, 36-19.
Шпанскиот интернационалец Ињаки Малумбрес блескаше на голот на Вардар со 14 одбрани, а најефикасен со 7 гола беше Марковиќ. Раковиќ шест пати се запиша во листата на стрелците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.