Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија Ивица Обрван го објави списокот за пријателските натправари што Македонската репрезентација ќе ги одигра против соодветниот состав на Црна Гора на 1 и 2 ноември.
На списокот на селекторот Обрван се најдоа следните репрезентативци:
Голмани: Никола Митревски (Металург) и Борко Ристовски (Гумерсбах, Германија).
Крила: Владимир Темелков (Каерјенг, Луксембург), Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Металург) и Гоце Георгиевски (Металург).
Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Металург) и Ванчо Димовски (Металург).
Бекови: Наумче Мојсовски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Аце Јоновски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Горан Кузмановски (Одорхеи, Романија), Бранислав Ангеловски (Констанца), Никола Стојчевски (Редбергслидс ИК, Шведска), Кирил Лазаров (Барселона), Митко Стоилов (Вардар), Дејан Пецаковски (Металург), Влатко Митков (Кремс, Австрија), Лазо Мајнов (Одорхеи, Романија).
Како резерви се повикани Владимир Недановски (Вардар), Златко Мојсоски (Металург), Златко Даскалоски (Вардар).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.