| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ја оправда тужбата и пресудата на Македонија против Грција во Хаг

Evropska-komisija

Најновиот извештај на Европската комисија ја оправдува акцијата на Македонија против Грција во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Грчкиот дневен весник „То Вима“ денеска пишува за извештајот за Македонија на Европската комисија нагласувајќи дека, според документот, големите билатерални прашања не треба да се внесуваат во Европската унија.

Весникот го пренесува делот од извештајот во кој Комисијата ги повикува страните да ги вложат сите напори со цел решавање на разликите, врз основа на воспоставените принципи и инструменти, вклучувајќи ги и препораките од Меѓународниот суд на правдата.

Иако не е очигледно, овој извештај, изгледа, во суштина ја оправдува акцијата на Скопје против Грција, коментира „То Вима“ и додава дека Комисијата ги повторува повиците за брзо решавање на прашањето за името.

Инаку, пред две години судот во Хаг пресуди дека Грција ја прекршила Привремената спогодба од 1995 година, со тоа што ставила вето на членството на Македонија во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top