Луис Суарез повторно покажа дека одлично симулира прекршоци и против Аргентина дури изнуди и непостоен пенал. Уругваецот е извонреден напаѓач, но сепак не е многу омилен поради наспортското однесување на теренот. Уругвај ја победи Аргентина во последното коло од јужноамериканските квалификации со 3-2, а Суарез вешто одглуми прекршок за пенал. Популарните Уруси, сепак, ќе мора да играат бараж со Јордан, кој ќе им биде последен противник на патот за Бразил.
Директно од Јужна Америка на мундијалот одат Аргентина, Колумбија, Чиле и Еквадор и, секако, домаќинот Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.