Хрватската пејачка Северина Вучковиќ деновиве повторно зборуваше за разделбата со Милан Поповиќ, но во исто време и за нејзината желба за идната професија на нејзиниот син Александар.
– Се појавував во јавност со семејството само кога во прашање беа убави работи. Кога доаѓав накај студиото, ја слушнав песната „Чиним праву ствар“ од Џибони и навистина е добро, како што вели тој во еден стих од песната, името да не му го споменувам (да му име и не помињем) – изјавила Северина за време на едно радиогостување. Пејачката додала дека Александар кога ќе порасне ќе стане рокер, а не народњак како неговиот истоименик Саша Поповиќ.
– Мојот син кога ќе порасне ќе биде рокер, а не директор. Се однесува како Џемироквај. Знам дека во иднина на скратено ќе го викаат Сале, а баш би сакала да го викаат Александар. Мене многу ми е убаво тоа име – вели Северина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!