Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко ќе си поднесе оставка. За тоа веќе се разговарало во СДСМ, од каде што е делегиран претседателот на ДИК. Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за 24 Вести на прашањето зошто Кондарко не алармира дека има проблеми со избирачкиот список и зошто не си поднесе оставка, Заев вели дека Кондарко најверојатно ќе се збогува со оваа позиција.
-Најверојатно и ќе си поднесе оставка. Ние веќе разговараме за оваа работа, бидејќи ова веќе не е издржливо. Не може да носите вина. Министерството за внатрешни работи го комплетира избирачкиот список – вели Заев.
Тој смета дека Кондарко нема можност да делува на вистинско прочистување на избирачкиот список бидејќи во ДИК нема мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.