| четврток, 6 декември 2018 |

Стратев без стратегија, Ристовски даде гол за Србија

Македонската репрезентација неуспешно го изигра првото полувреме со Србија и стратегијата на Стратев во првото полувреме се покажа неуспешна

 

Makedonija fudbal

Епилогот на крајот на првото полувреме на натпреварот на репрезентацијата на Србија против Македонија е 3:0. Дефинитивно нашата репрезентација е под нивото со само еден шут на голот.

Првиот гол за Србија го постигна нашиот репрезентативец Ристовски во 16 минута (автогол), во целата мешаница по изведениот корнер Ристовски ја смести топката во сопствената мрежа.

По првиот гол со долги додавања и доминација на средината на теренот, Србите не притиснаа и беа ефикасни по 2 пат со голот на Баста во 19 тата минута.

Ситуацијата не се смени и во понатамошниот тек, нашата репрезентација делуваше некоординирано и направи повеќе прекршоци од нервоза, прво Ристовски во 25 та минута доби жолт картон, па по него и Ранѓеловиќ, Костовски и Грнчаров.

При крајот на првото полувреме во 38 минута Коларов ни ја запечати судбината од пенал.

Да се надеваме дека во второто полувреме Македонската репрезентација ќе се освести и ќе го нападне голот на Србија за да дојде до поволен резултат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top