Владата ќе поддржи отворање на 2.000 работни места со финансиска поддршка во износ од милион евра преку низа програми за кои ќе можат да аплицираат невработени лица, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
На последната седница на Владата се усвоени пет мерки, обука кај познат работодавач, обука кај познат работодавач со субвенционирање, обука за професии што се дефицитарни, поддршка на практиканство, како прво работно искуство до вработување, како и обука за напредни вештини од областа на информациските технологии.
Огласите за новите мерки од Владата ќе бидат објавени в понеделник на веб-страниците на Агенцијата за вработување и на Владата за да можат невработените лица да аплицираат.
Според Ѓорѓиев, сите нови мерки веќе биле доставени на разгледување во Антикорупциската комисија за оценка на почитувањето на Законот и е добиен позитивен одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


