Политичкиот врв на СДСМ и неколку стотини граѓани денеска протестираа пред Основниот суд Скопје 1 барајќи ослободување на претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ. Тој денеска беше приведен на аеродромот во Виена. Иако беше најавуван како голем, масовен протест, тој се претвори во вистинско фијаско. Според некои медиуми, и тие малкумина што се појавија пред судот биле донесени со автобуси. Тие извикуваа „слобода за Шиповиќ“
На протестот беше присутен и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на членот на Централниот одбор на СДСМ, Гордан Георгиев, слушнете ги во видеото од денешниот протест. Наскоро ќе ги објавиме и изјавите на Жерновски и на Душко Илиевски, млекарот од Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


