| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезиец ќе биде сопственик на Интер

Ерик Тохир и официјално сопственик на Интер

Познатиот бизнисмен од Индонезија, Ерик Тохир, од денеска и официјално е сопственик на италијанскиот фудбалски гигант Интер.
Сензационалната информација е потврдена и од Масимо Морати, кој веќе е поранешен сопственик на „нероазурите“.
– Ги потпишав сите документи. Не можам да ги пронајдам вистинските зборови со кои ќе можам да опишам како се чувствувам во овој момент. Јас и натаму ќе мислам дека сѐ е нормално. Интер заврши во добри раце. Точно дека ќе има промени во следниот период, но најважно од сѐ е да се има респект. Дали јас и натаму ќе имам некаква функција во клубот, ќе видиме што ќе се случи во следниот период – изјави Морати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top