| четврток, 6 декември 2018 |

Стојанче Ангелов со амбиции за претседател на Македонија

stojance angelovЛидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, информираше дека ја напушта коалицијата со СДСМ. Повикувајќи се на извори од коалицијата, Курир објави дека Ангелов ја донел оваа одлука во договор со СДСМ за да ѝ наштети на десницата на претседателските избори. Тој ја напуштил коалицијата поради своите амбиции да се кандидира на претстојните претседателски избори и да влезе во трката за нов шеф на државата. Тој тоа и го потврди за одделни портали велејќи дека сериозно размислува за ваков чекор.

– Сериозно размислувам да влезам во претседателската трка, но конечна одлука за мојата кандидатура сѐ уште не е донесена. Правиме анкети и за десетина дена ќе донесеме конечна одлука – изјави Ангелов.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top