| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона нема да навива за Аргентина на СП

Диего Марадона изјави дека нема да навива за Аргентина на СП за играчи до 17 години кое ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати.

Поранешниот напаѓач на Наполи никогаш не се помири со одлуката на Фудбалскиот сојуз на Аргентина со која беше сменет од селекторската позиција по Светското првенство во 2010-та година.

Тој сега повторно е во Аргентина и работи како „духовен тренер“ на клубот Депортиво Ријестра во петтата тамошна лига. Минатата година ја напушти екипата Ал Васл од Емиратите и сега има улога на спортски амбасадор на Дубаи.

Како резултат на неговиот однос со Сојузот на Аргентина, Марадона порача дека нема да навива за својата земја на претстојниот турнир.

-Ќе навивам за Обединетите Арапски Емирати, а не за Аргентина. Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ја поддржат домашната екипа, вели Марадона, а пренесува Goal.com.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top