| четврток, 6 декември 2018 |

Сакате да ослабете, јадете чоколадо

Сакате да ослабете некој килограм, немојте да се откажувате од омилените десерти, како што се чоколадото, колачите или виното, советуваат нутриниоцистите.

Во најновата анкета се покажува дека дури 86 проценти од оние што ослабеле преку диети, не го отфрлиле чоколадото од исхраната.

Меѓу две илјади испитаници, 91 процент од оние што загубиле најмногу килограми се покажало дека продолжиле да јадат чоколадо во иста колочина како и пред да ја почнат диетата.

– Истражувањата покажаа дека режимот на исхраната со елиминација на некои намирници нема да биде успешен. Клучот е во тоа да не се лишите од тоа што ви е драго и да го консумирате во помали количини – пишува на веб-страницата „Nutracheck“.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето што се на диета и ќе ги исфрлат потполно чоколадото и колачите, најверојатно ќе добијат плус килограми поради тоа што ќе компензираат со јадење во големи количини друга храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top