| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ: Тешко е да се игра пред ваква чудесна публика

komiti-vo-akcija

Минатиот пат поразени, овојпат со нерешен резултат – ракометарите на најскапиот ракометен тим во Европа по втор пат си заминуваат од Скопје со наведнати глави. Победата ја имаа, но им клизна од раце во псоледната минута. Вардар понесен од одличната атмосфера во „Борис Трајковски“ успеа да ја надополни негативата и да го има последниот напад, со што можеше да оди и на победа. Тренерот на ПСЖ искрено призна на прес конференцијата дека не знае дали е ова добар или лош резултат за неговата екипа.

– Најпрво честитки за Вардар. Беа постигнати четири пет гола во финишот и не можевме да победиме. Не знам дали е тоа добро или лошо, но важно е дека не загубивме. Ќе го дочекаме Вардар во Париз во нашиот следен дуел- изјави на пресот по натпреварот, Филип Гардан, тренерот на ПСЖ.
– Имам слични мислење како тренерот, беше тешко да се игра пред ваква чудесна публика. За Пари Сен Жермен ова не е добар резултат, ние имаме голем буџет со кој се стремиме кон „Фајнал Фор“. Честитки за Вардар, во два големи меча играше нерешено со Барселона и со ПСЖ. Мислам дека за нас ќе биде подобро кога ќе играме во Париз- потенцираше голманот Патрис Аноне кој и самиот беше еден од најдобрите поединци во гостинскиот состав.

Македонскиот голман Петар Ангелов пак блескаше на голот на вардарци. По мечот изјави:

-ПСЖ е голема екипа и светски гигант, тоа сите го знаат, а сите знаат и кои сме ние. Влеговме во овој дуел без никаков императив и без никаков респект кон противникот. Игравме без преголем товар, во првиот дел бевме солидни, се до оној благ пад кога противникот се стекна со солидна предност, но во вториот, бодрени од оваа неверојатна публика, успеавме да застанеме на нозе и комплетно да се вратиме во натпреварот. Немам зборови, “Комити” се неверојатни. Не бодреа и кога водевме и кога губевме, и кога игравме добро, но и кога правевме грешки. Се надевам дека ќе продолжат да не бодрат со сличен ритам и на следните натпревари.

ВИДЕО ОД КРАЈОТ НА МЕЧОТ

ВИДЕО ОД ГОЛОТ СО КОЈ ВАРДАРЦИ ИЗРАМНИЈА НА 24:24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top