| четврток, 6 декември 2018 |

Финишот слаб, Вардар со 3 гола негатива продолжува во второто полувреме

Грешките во последната третина од првото полувреме, го чинеа Вардар негатива од 3 гола (9-12) со која ќе ја продолжи ракометната битка против Пари Сен Жермен во второто полувреме од вечерашниот меч во салата „Борис Трајковски“.

До 20 минута двете екипи се менуваа во предност од еден гол, а потоа со серија од 5-0 од 7-6 за Вардар, гостите поведоа со 11-7. Петар Ангелов кај Вардар бранеше импресивно и нанижа 9 одбрани, Дибиров даде 4 гола, а Душебаев и Прибак по двапати ја тресеа мрежата на ПСЖ.

Кај гостите Хансен игра одлично и постигна 4 гола, Вори даде 3, додека Абало е стрелец на два погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top