| четврток, 6 декември 2018 |

Ко­га Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја беа во­е­ни со­јуз­ни­ци…

makedonki grcija

На оние што го поз­на­ва­ат ра­бо­те­ње­то на го­ле­ми­те раз­уз­на­вач­ки служ­би во све­тот им е поз­на­та ед­на нив­на ста­ра тех­ни­ка ко­ја мно­гу­па­ти ја откри­ва­ла ви­стин­ска­та сли­ка на на­ста­ни­те, др­жа­ви­те или лу­ѓе­то што се пред­мет на обра­бо­тка. Се ви­ка цр­но-бе­ло. Кон­крет­но, тоа би зна­че­ло цр­но­то за не­ко­го да се пре­тво­ри ка­ко бе­ло и обрат­но. Е, ко­га ста­ну­ва збор за од­но­си­те ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја, се­ко­му, и ов­де и кај јуж­ни­от со­сед, вед­наш му се по­ја­ву­ва са­мо цр­ни­ло пред очи.

Но, што ако раз­мис­лу­ва­ме по­зи­тив­но, што ако ги ви­ди­ме по­зи­тив­ни­те при­ме­ри во од­но­си­те на два­та на­ро­да низ ми­на­то­то и ток­му тие ги при­ме­ни­ме во раз­го­во­ри­те?

Што ако Ма­ке­до­ни­ја поч­не кам­па­ња низ све­тот (на­ме­сто туж­би по ме­ѓу­на­род­ни су­до­ви) за вре­ме­то ко­га сме има­ле од­лич­на со­ра­бо­тка со Гр­ци­ја, а тоа, се­пак, не му ште­те­ло на на­ши­от ју­жен со­сед?

А, има мно­гу при­ме­ри… од за­ед­нич­ка бор­ба про­тив за­ед­нич­ки не­при­ја­тел, пре­ку во­ен со­јуз, отво­ре­ни гра­ни­ци и еко­ном­ска со­ра­бо­тка.

Со ог­лед на бес­перс­пе­ктив­но­ста на спо­рот, а со тоа и на на­ши­те евро­ат­лан­ски ин­те­гра­ции, не ќе би­де ло­шо да се раз­мис­ли и за ед­на ва­ква стра­те­ги­ја. От­ту­ка, ова до­сие е за до­бри­те стра­ни на ма­ке­дон­ско-грч­ки­те од­но­си. Да разг­ле­да­ме не­кол­ку од нив, кои ве­ќе им се поз­на­ти на вни­ма­тел­ни­те наб­љу­ду­ва­чи на оваа проб­ле­ма­ти­ка.

Ако ја за­мис­ли­вте, то­гаш пра­шај­те ги ва­ши­те жи­ви пред­ци, тие си­гур­но се се­ќа­ва­ат на вре­ме­то ко­га Ма­ке­дон­ци­те со лич­ни кар­ти на­пи­ша­ни на ма­ке­дон­ски ја­зик сло­бод­но одеа на па­за­ру­ва­ње во Ле­рин и во Со­лун. Од дру­га стра­на, Гр­ци­те, пак, до­а­ѓаа во Скоп­је за да ку­пу­ва­ат ква­ли­тет­ни про­из­во­ди (ток­му та­ка, во тој пер­и­од во Гр­ци­ја сѐ би­ло шкарт сто­ка). По­доц­на го­лем број Гр­ци до­а­ѓа­ле да сту­ди­ра­ат во Скоп­је за­ра­ди по­до­бро­то обра­зо­ва­ние!

Овој до­го­вор тра­е­ше це­ли 20 го­ди­ни ме­ѓу СФРЈ и Гр­ци­ја. До­го­во­рот ме­ѓу две­те зем­ји од 18 ју­ни 1959 го­ди­на тра­е­ше сѐ до 1980 го­ди­на, по­точ­но сѐ до до­а­ѓа­ње­то на власт на Ан­дре­ас Па­пан­дреу, по­ра­неш­ни­от грч­ки пре­ми­ер и та­тко на дов­че­раш­ни­от, исто та­ка, грч­ки пре­ми­ер, Јор­гос Па­пан­дреу. От­то­гаш, всуш­ност, поч­на соз­да­ва­ње­то на грч­ки­от проб­лем со Ма­ке­до­ни­ја – две го­ди­ни по­доц­на на Ма­ке­дон­ци­те од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја не им бе­ше доз­во­лу­ва­но да вле­зат во Гр­ци­ја, а во 1988 го­ди­на, под при­ти­со­кот на ПА­СОК (пар­ти­ја­та на Па­пан­дре­ов­ци), се­вер­на Гр­ци­ја бе­ше пре­и­ме­ну­ва­на во (грч­ка) Ма­ке­до­ни­ја.

Оди­ме по­на­та­му. Ако до­го­во­рот за ме­ѓу­гра­нич­на со­ра­бо­тка од де­не­шен ас­пект за мно­гу­ми­на изг­ле­да шо­кант­но, што да се ка­же за во­е­ни­от со­јуз, кој по­втор­но е не­по­им­лив за де­неш­ни ус­ло­ви. Во­ен пакт ме­ѓу Ју­гос­ла­ви­ја, Гр­ци­ја и Тур­ци­ја.

Целата анализа за добрите времиња меѓу Македонија и Грција и дали потенцирањето на нив можат да и даде суштинска предност на Македонија во спорот за името, прочитајте ја во последниот број на неделникот „Република“, кој е веќе во продажба ширум земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top