„Црвено-црниот“ вулкан на Вардар е подготвен за уште еден пад на најбогатиот ракометен клуб на планетата Пари Сен Жермен. Гостите доаѓаат од Париз, градот на светлината, но во првиот обид против Металург им се стемни во Скопје и поразени се вратија дома (28-30). Вечерва на ред е второто гостување кај нас на клубот што има на располагање 13,5 милиони евра буџет и со тоа е најскап во историјата на Лигата на шампионите.
Вардар е аутсајдер, но и Металург беше против Пари Сен Жермен па славеше блескава победа. Салата „Борис Трајковски“ полека се полни, а се очекува пеколна атмосфера, што веќе ја најавија околу 1500 „Комити“.
Натпреварот почнува за десетина минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


