За да чувате туѓу деца ќе мора да положите испит. Министерството за труд и социјала реши да стави крај на „бејбиситерките„ во земјава. Се забранува чувањето деца на начин на кој граѓаните беа досега навикнати-со меѓусебен договор и проценка на родителите дека на таа личност можат да и го доверат детето.С ега тие личности ќе мора да полагаат стручен испит,од книги чиј список допрва ќе биде објавен од специјалната комисија – објави Алфа.
Сѐ уште е нејасно како ќе се утврдува дека родителите и плаќаат на жената која ја ангажирале, како и тоа дали треба да ја осигураат. Бебиситерките ќе можат да чуваат деца само ако го поминат тестот и проценката на комисијата и ако платат 450 денари трошоци за издавање на лиценцата. Ќе треба да ја обновуваат на пет години. Ако го чуваат детето кај нив дома, комсија ќе треба да им издаде решение според тоа дали имаат соодветни услови. Исто така, ќе мора да имаат и соодветно образование, иако во законот не е точно наведено кое е тоа образование. Од ноември ќе треба да почнат да се пријавуваат за полагање на повикот кој министерството ќе го објави на интернет страната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.