| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува полагањето државна матура

ispit matura

Од утре до 14 јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија во 2017 година, за која се пријавени вкупно 16.426 кандидати.

Полагањето на државната матура ќе почне утре во 10 часот со тестот по мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10.632 матуранти за македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.

На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15.201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.

Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а се пријавени 2.070 матуранти.

Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни – за тест по биологија се пријавени 3.445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2.900 кандидати, за бизнис 4.298, филозофија 3.684 и за естетика 193 кандидати.

Според видот на образование, 8.274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7.881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.

Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит (14 јуни).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top