| четврток, 6 декември 2018 |

Комората му ја одзеде лиценцата на докторот кој мамеше пациентка дека е бремена

Докторот Николче Дамчевски е прогласен за виновен во постапка за случајот кога лекувал и спроведувал постапки на биолошко потпомогнато оплодување на пациентка, ја водел како бремена, иако таа не била.

Во целиот период на т.н бременост докторот ја следел, ја информирал за напредокот на бременоста, ординирал терапија за одржување на бременоста се до наводниот термин за породување кога и соопштил дека воопшто не пости бременост.

„Со наведените дејства, Судот на честа смета дека докторот ги прекршил одредбите од Кодексот на медицинска деонтологија и му се изрече мерка времено одземање на лиценцата за работа во траење од 7 години“, соопшти Лекарската комора.

Второстепениот совет при Судот на честа на Лекарската комора на Македонија на седница одржана на 23 ноември одлучувал по жалбата од д-р Николче Дамчевски, специјалист по гинекологија и акушерство од Скопје против одлуката на Првостепениот судски совет при Судот на честа со која времено му се одзема лиценцата за работа во траење од седум години. Членовите на Второстепениот совет ја разгледале жалбата и наводите во неа и донеле одлука со која ја потврдија обжалената одлука која беше донесена во прв степен пред Судот на честа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top