На тенискиот турнир во Шанјгај што се игра од мастерс серијата, Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои првото место победувајќи го во финалето одличниот Аргентинец Хуан Мартин Дел Потро со 2-1 (6-1, 3-6, 7-6) во сетови.
Финалето изобилуваше со фантастични поени од двајцата тенисери во текот на целиот меч кој траеше повеќе од два часа и 30 минути.
Втора година по ред Ноле ги освојува двата турнира во Кина. По оној во Пекинг и овој на овој во Шангај србинот се искачува на највиското место. Ѓоковиќ останува на второто место на АТП ранг листата зад Рафаел Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


