| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија добива нов ски – центар

skijanje

Македонија ќе добие нов ски центар. Жичница долга околу 3,5 километри ќе се гради на врвот од планината Јабланица. Најавено е дека деновивр ќе биде распишана и тендерската постапка.

Градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски, посочи дека скијачкиот терен ќе се изгради на месноста викана Голина, а проектот ќе биде изграден најверојатно со јавно-приватно партнерство.

– Документацијата е подготвена и деновиве ќе се распише тендер за изведувач. Најверојатно ќе биде странски изведувач и мислам дека се заинтересирани Австријци. Сето тоа ќе чини околу 250 илјади евра – вели тој.

И претставници на МЕПСОконстатирале дека на ова место има одлични услови за развој на зимскиот туризам. Експерти од Хирдрометеоролошкиот завод вршеле испитувања и поставиле мерни станици за да утврдат колку време се задржува снегот на врвот од Јабланица, каде што ќе се гради зимскиот центар.

– Поволност е што снегот на планината се задржува седум месеци. Паѓа во ноември, а се топи во мај и го има во големо количество. Кога ќе се изгради жичницата Охридското Езеро ќе се гледа како на дланка. Природата е многу убава, планината е питома, а до скијачките возила ќе може да се оди со автомобил – изјавува Угриновски.

Откако ќе почне реализацијата на проектот предвидено е да биде готов за 12 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top