| четврток, 6 декември 2018 |

Кампањата за Скопски џез фестивал освои Гран При награда

new moments

Кампањата за Скопскиот Џез фестивал 2013 на македонската маркетинг агенција „Њу Момент“ освои Гран При за најдобар дизајн и злато за најдобра кампања во надворешно огласување на штотуку одржаниот „Голден Драм“, најголемиот eвропски фестивал за адвертајзинг, кој веќе дваесет години се одржува во Порторож, Словенија. Овие значајни признанија се освоени во конкуренција на 307 други агенции од 26 држави од т.н. Нова Европа (Северна, Источна, Централна, Јужна Европа, Русија и Блискиот Исток), кои учествуваа со свои кампањи и решенија.

Македонската маркетинг-агенција „Њу момент“ од Скопје беше прогласена за најдобра агенција за 2013 година освојувајќи пет Гран-при признанија и едно злато.

– На нашиот јубилеј, 20 години од формирање на агенцијата, „Њу момент Скопје“докажа дека може рамноправно да се натпреварува со најдобрите од Европа и одсветот. Победите на мала сцена за нас никогаш не биле предизвик. Оваа година ги постигнавме најголемите успеси и ги освоивме најголемите европски и светски награди кои постојат во оваа сфера и докажавме дека адвертајзингот нема само комерцијална, туку и уметничка и општествено корисна функција. Ова е успех за целата креативна индустрија во Македонија – вели Сашо Пешев, директор и партнер на „Њу момент“.

Кампањата „Заедничка молитва – 10 метри одвоени“ освои четири Гран-при статуетки во категориите: нови и иновативни кампањи, најдобар настан, најдобра радио-кампања и бренд на годината. Кампањата за годинашниот Скопски џез-фестивал освои Гран-при за најдобар дизајн и злато за најдобра кампања во надворешното огласување.

Покрај наградата за најдобра агенција, регионалниот креативен директор, Душан Дракалски ја доби и специјалната награда Златен часовник, за најнаградуваната кампања на фестивалот „Заедничка молитва“ од проектот за соживот на Владата на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top