Креативниот директор на „Њу Момент“, Душан Дракалски е избран за дел од ТОП 30-те креативни директори во светот според интернационалниот ранкинг ПИАФИС (PIAFYS) за “сезоната“ 2013/2014.
PIAFS интернационалниот ранкинг на креативни директори ги рефлектира постигнувањата на најдобрите светски адвертајзинг фестивали. Топ фестивалите се поделени во три категории и секоја освоена награда на некој од нив носи определен број на поени. Заклучно со 2 Јануари 2014 год., за PIAFS 2013/2014 ранкингот, во обзир се земени постигнувањата на следниве фестивали: Креста Авордс (Cresta Awards), Јуробест (Eurobest), Јуроп Кристал (Europe Cristal), Епика (Epica), Голден Друм (Golden Drum), ЛИАА (LIAA), Лори (Loerie), (МИАФ) MIAF, Спајкс Ејжа (Spikes Asia).
Дракалски е дел от тимот на македонската агенција Њу Момент (New Moment New Ideas Skopje) и во моментов а ангажиран како Регионален Креативен директор на целата New Moment New Ideas групација. Својата кариера ја започна во 1997 година работејќи за S Team Bates Saatchi & Saatchi а е добитник и на повеќе награди на низа престижни фестивали како Кан (Cannes), Јуробест (Eurobest), Њѕ Јорк Фестивал (New York Festival), Епика (Epica), Голден Друм (Golden Drum), Моско Интернешнал Адвртајзинг Фестивал (Moscow International Advertising Festival) итн..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст