| четврток, 6 декември 2018 |

32. издание на „Скопски џез-фестивал“

32. издание на „Скопски џез-фестивал„ годинава се одржува од 17 до 21 октомври. На денешната прес-конференција Оливер Белопета ја најави годинешната програма, според која: на првата вечер во МОБ ќе настапат британско-словенечкиот тандем Еван Паркер и Златко Каучич и Британците од Гет д’ блесинг. Настапите на норвешкото дуо Сидсел Ендресен/Стиан Вестерхус и на квартетот на легендарниот американски гитарист Џон Аберкромби се на 18 октомври во МОБ.

Уживањето во балканската премиера на проектот „Balkan Fever“ со харизматичниот диригент Кристјан Јарви, Македонската филхармонија, Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов ќе се одржи на 19 октомври во Универзална сала, а следната вечер во Универзалната сала ќе се претстави легендарната џез-пејачка Касандра Вилсон со бендот Harriet Tubman, како и џез-иконата Роско Мичел со своето трио. И конечно, за концертите на славниот Дејв Холанд и неговиот последен проект Prism и на новата ѕвезда на европскиот џез Ибрахим Малуф ќе може да се чујат на последната фестивалска вечер во Универзалната сала.

Jez-fest-pres02

Полноќните концерти, кои ќе се одржуваат од 18 до 21 октомври во „Сити хол центар“ (поранешниот клуб „Хард-рок“), ќе ги содржат настапите на Reut Regev’s R*Time, Nicola Conte Combo, Peter Evans Zebulon Trio и Rob Mazurek & Sao Paulo Underground.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top