| четврток, 6 декември 2018 |

Хансен: Македонија ја има најубавата ракометна публика во Европа

Македонија ја има најубавата ракометна публика во Европа – велат двајцата најдобри играчи во тимот од француската престолнина Микел Хансен и Даниел Нарсис  во интервју за официјалната веб-страница на РК Вардар. Тие неодамна заминаа од Македон ија поразени од Р.К Металург, вториот македонски тим кој настапува во Лига шапиони.

РК Вардар: По две одиграни кола ПСЖ се наоѓа на 4-та позиција со една победа и еден пораз, очекувавте ли ваков расплет на работите знаејќи дека вие сте едни од главните фаворити за титулата?

Хансен: Една работа мора да се напомене, на мечот против Металург одигравме лошо второ полувреме и за тоа загубивме. Но ние гледаме напред. Нашиот тим е нов и во изградба и мислам дека ќе напредуваме од меч во меч. Доправа ќе го видите вистинскиот ПСЖ.

Нарсис: Мислам дека ова е многу тешка група. Секој натпревар на гости ќе биде многу неизвесен и не можеме секогаш да очекуваме победа, мора да одиме чекор по чекор. Нашата прва цел е да ја минеме групната фаза.

ПСЖ пристигна во Скопје

ПСЖ пристигна во Скопје

РК ВардарВашата прва посета на Скопје сезонава заврши со пораз, што очекувате од утрешниот натпревар?

Хансен: Се надевам дека ќе победиме. Имаме силен тим со многу интернационалци. Предноста на вашите екипи кога играат на свој терен е фантастичната публика. Тука навистина сите го разбираат ракометот и мислам дека ќе биде тешко.

Нарсис: Ќе биде многу тежок меч. Вардар има силен тим, а мислам дека и публиката, која што знае што е добар ракомет ќе има огромно влијание на конечниот резултат. Мислам дека ќе гледаме интересен ракомет.

ПСЖ на аеродромот Александар Велики

ПСЖ на аеродромот Александар Велики

РК Вардар: Од каде, според вас ќе доаѓа најголемата опасност по вашиот гол, дали при подготовката се фокусиравте на одредени сегменти од играта на Вардар, односно што мислите дека ќе биде одлучувачко на утрешниот меч?

Хансен: Тешко е да се издвои нешто. Вардар игра тимски ракомет и мислам дека тоа е нивното најсилно оружје. Имаат одличен тим составен од многу интернационалци, со што на некој начин ме потсетуваат на ПСЖ. Мислам дека мора да одиграме со 100% од нашите можности за да го добиеме овој меч. Сигурна игра во одбраната и брзите контри би требало да го дадат победникот на овој меч.

Нарсис: Како што напоменав, Вардар има одличен тим. Но ние напорно работевеме, гледавме видео снимки од последните натпревари на домаќинот и мислам дека одбраната ќе биде таа што ќе го реши конечниот расплет на овој натпревар.

Ќе заминат ли повторно поразени

Ќе заминат ли повторно поразени

РК Вардар: Вашите очекувања за оваа сезона. Дали го гледате ПСЖ на врвот од Лигата на шампионите на крајот од оваа сезона?

Хансен: Секогаш е тешко да се очекува такво нешто. Сезоната е долга и ни престојат многу натпревари. Се подготвуваме максимално и мислам дека главнната наша цел оваа година е пласман на фајналфор турнирот . За остварување на толку голем успех потребна е концентрација. Некогаш и 5 минути невнимание можат да влијаат на резултатот. Мислам дека ова ќе биде многу возбудлива сезона.

 Нарсис: Би сакал да е така, но мора да напоменам дека сега почнуваме со овој голем проект чија што крајна цел е токму тоа. Мора прво добро да се воиграме, бидеејќи тоа е одлучувачко за таквиот успех. Екипата е нова, а знаеме дека историја не се гради за една сезона. Мора да мислиме на тоа и да сватиме дека ќе биде потребно многу време да го постигнеме тоа што другите екипи веќе успеале да го направат.

Првиот тренинг во спортската сала Кале

Првиот тренинг во спортската сала Кале

Тренинг на Кале

Тренинг на Кале

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top