
Хрватската музичка ѕвезда Северина Вучковиќ го навлече гневот на муслиманите со нејзиниот најнов сингл „Хурем“. Незадоволството на голем број муслимани е поради споменувањето на зборот „Рамазан“ во нејзината песна. На социјалните мрежи и на Јутјуб се пишуваат погрдни зборови и коментари на сметка на Северина.
„Као Хурем, робиња не љуби као дама, на кољена ти падам без срама, за двоје кревет, а спавам сама као да постим сред Рамазана“, отпеа Севе и направи вистински хаос.
Според „Дневни аваз“, завчера не можело да се погледне спотот на Јутуб бидејќи стоело дека тој е отстранет од страна на фан клубот на Северина поради авторски права, а потоа повторно беше поставен, но бројните коментари беа отстранети.
Севе ја заврши кариерата“, „Севе падна во моите очи ова е ужас, ако пееш во Сараево нема добро да поминеш“, „Ова не ти требаше, не си смеела да го споменеш нашиот свет месец Рамазан во твојата песна“, се дел од заканите до Северина на социјалните мрежи.
Како што пишува српски Курир за време на нејзиниот концерт во Сараево, поради овие закани превземени се поголеми мерки на безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!


