| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на ПСЖ пристигнаа во Скопје без багаж

psz2

 

Ракометарите на Пари Сен Жермен пристигнаа во Скопје за утрешниот натпревар од Лигата на шампиони против Вардар, но според  порталотДерби.мк, куферите со опремата не слетале на „Александар Велики“.

Оваа вест носи неизвесност околу одигрувањето на утрешниот меч, за кои влезниците се веќе распродадени. Oд ТАВ, кој стопанисува со аеродромот во Скопје, за Дерби.мк појаснуваат дека грешката не се случила во Македонија, туку дека багажот не бил претоварен од првата дестинација.

Доколку се реализира ветеното, авиопревозникот на ПСЖ би требало да го донесе багажот во Скопје утре изутрина, со што ќе се овозможи одигрувањето на овој значаен меч, пишува Дерби.мк. Ракометарите на француската екипа вечерва се сместија во хотелот „Александар Палас“, а го одржаа и тренингот. Домаќините очекуваат да нема поместување на предвидените термини, пишува порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top