
Актерката Пратјуша Банерџи, која кај нас е позната по толкувањето на главната улога во индиската серија Малечката невеста била изложена на електро шокови за време на реално шоу во Индија. Контроверзната епизода од Биг бос шоуто предизвикало бурни реакции во земјата, откако актерката била мачена со електрошокови пред очите на јавноста.
Популарната актерка била натерана од продуцентите да ја прифати „терапијата“ за да биде излекувана од настинка. Девојката издржала 35 од предвидените 50 електрошокови, по што со солзи го напуштила местото.

По првичниот шок и реакции на гледачите, властите најавиле истрага за тортурата, а организаторите на шоуто се правдале дека струјните удари биле слаби, а актерката глумела дека чувствува болка за да привлече гласовите од гледачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


