| четврток, 6 декември 2018 |

Многу грешки на Металург во првото полувреме

stanic

По првите 30 минути екипата на Барселона води со високи 12 гола разлика (17-5). Единствена светла точка во составот на Металург е најдобриот светски голман за минатата сезона Дарко Станиќ со шест одбрани. Многу технички грешки во додавањата во нападот со преку десет греши се чини не може да се очекува во вториот дел некаков резултатски приклучок. Арпад Штербик се истакна во составот на Барселона со седум одбрани. Кире Лазаров постигна четири погодоци за само 14 минути игра. Кај Металург најдобар стрелец е Павел Атман со два гола. Ова е најлошото полувреме одиграно од страна на Металург во лигата на шампионите воошто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top