Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја заврши посетата на Брисел, Хаг и Париз. На средбата со новоименуваниет Директор на Директоратот за Проширување, Кристиан Дениелсон, Ахмети изразил надеж дека Македонија ќе добие датум за преговори за време на неговиот мандат.
Али Ахмети нагласи дека Македонија се наоѓа пред избор од два правци, патот на интеграцијата или тој на изолацијата. Ние го одбравме патот на изолацијата како единствена заедничка иднина на сите граѓани на Македонија. Токму за тоа решение треба да се дебатира отворено и храбро во нашето општествосо поглед кон иднината и да се претстават сите аргументи за и против патот на интеграцијата или тој на изолацијата, соопшуваат од партијата.
На ручекот со Постојаните Претставници на Грција и Бугарија при Европската Унија, Ахмети побарал да се интенсивизира дијалогот помеѓу соседите и страните да седнат за да разговараат околу отворените прашања за да се решат час поскоро.
Во Постојаната Мисија на Германија при НАТО и во Министерството за Надворешни Работи на Белгија, но и во центарот Независен Дипломат, Ахмети ја подвлече потребата за директо вклучување на институциите на ЕУ, но и на земјите членки на ЕУ, во унапредувањето на преговорите помеѓу Македонија и Грција и постигнување на решение затоа што само така се заштитуваат постигнувањата од Охридскиот Договор, мирот, стабилноста и сигурноста, меѓуетничките односи, меѓусоседските односи, но и се овозможува сојијален благодет и економски развој.
За неколкудневната турнеја низ центрите во ЕУ, придружуван од придружуван од вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и шефот на неговиот кабинет Артан Груби, Бесими за медиумите оцени дека не станува збор за паралелна дипломатија, туку за активности во интерес на Македонија кои се координирани во владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


