Како што се вели на веб-страницата на Канцеларијата на дијаспората, Тодоровиќ оваа идеја ја презентирал на заменик-директор на Канцеларијата за дијаспората Александар Влајковиќ, кој живее во Македонија.
Влајковиќ по тој повод се сретна со премиерот на Македонија, Никола Груевски и со Тодоровиќ.
Градоначалникот на Центар рекол дека има намера да разговара со сопствениците на големата зграда во близина на улицата „Кнез Михајлова“, кои се познати по купувањето на поранешната стоковна куќа „Белград”. Ако не се договори со нив, ќе се распраша за купување на земјиште во Белград за да ја реализира идејата за хотелот.
Премиерот Груевски, кој воедно е и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, а каде што е член и Тодоровиќ, изразил надеж дека српската влада и градот Белград ќе ја поддрат македонската инвестиција.
Влајковиќ ја пофалил намерата македонскиот бизнисмен да инвестира во отворање на хотел во Белград, кој е растечка туристичка дестинација, и ја пренел подготвеноста на Канцеларијата на дијаспората да помогне во поврзување со релевантните институции. Македонскиот премиер го посочил Тодоровиќ како пример кој покажува дека Србите завземаат истакнати позиции во македонската држава и може да дејствува како мост за поврзување со Србија.
Владимир Тодоровиќ се смета за еден од најуспешните бизнисмени во Македонија од српско потекло. Тој е роден во Пирот, израснал во Македонија, каде што завршил Градежен факултет и е сопственикот на “Тинекс” најголемата малопродажна мрежа во Македонија, а има бизнис и во други области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


