| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Девет години празни ветувања од Зоран Дамјановски

Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово веќе 9 години пред граѓаните излегува само со празни зборови.  Зоран Дамјановски е Градоначалник, кој веќе 3 изборни мандати на граѓаните на Куманово им дава лажни ветувања, кои никогаш не ги реализира. СДСМ и Зоран Дамјановски, повторно ги излажаа кумановчани. Впрочем години наназад таков е начинот на работа на СДСМ и нивните кадри, па затоа и Општината и градот се пред целосен колапс.  Зоран Дамјановски во изборната кампања за локалните избори 2013 година на ден 04 април 2013, им вети на граѓаните на Општина Куманово дека во наредниот период по изборите, 14 000 сијалични места во Куманово ќе бидат заменети со штедливи светили, кои имаат заштеда од 40-60% во зависност од типот на светилките, со што ќе се намали расходот за плаќање на електричната енергија. Поминаа 6 месеци од локалните избори, а од новите штедливи светилки нема никаква трага и граѓаните на Куманово го гледаат тоа. Не само што не се сменети старите светилки со нови, туку ЈП Куманово Паркинг кое е надлежно за јавното осветлување тоне во огромни долгови. Општината само на ЕВН за користењето на електрична енергија за јавното осветлување должи над 24 000 000 денари. Долг кој постојано се зголемува – обвини денеска Јордан Пачков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

За време на партскиот прес тој потсети на вчерашниот прес на кој обвинид ека дел од парите кои што биле наменети за јавното осветлување, советниците на СДСМ изгласале одлука на седница на Советот да се пренаменат 4 000 000 денари од јавното осветлување, за зголемување на основачкиот влог на ЈП Куманово Гас, претпријатие кое е пред банкрот.vmro press kumanovo

-Огромен број лажни ветувања СДСМ дадоа и за решавање на сообраќајниот хаос во општина Куманово. СДСМ и Зоран Дамјановски наместо да манипулираат со кумановчани, нека го решат сообраќајниот хаос во о. Куманово кој што настана од нивното шарлатанско работење, кое оди на директна штета на кумановчани. Кумановчани не го заслужуваат ова. Ова е начинот на работа на СДСМ како политичка партија и на кадрите на СДСМ. Лажните ветувања им се најголемите проекти на СДСМ кои што воопшто некогаш ги реализирале. Куманово е заложник на СДСМ и Зоран Дамјановски, кои наместо да ги решаваат проблемите на кумановчани, тие им создаваат нови. СДСМ со својата политика од Куманово направи град кој тоне во проблеми и долгови и е пред целосен колапс. А нив око не им трепнува за потребите на граѓаните на Куманово – додаде тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top