| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарна утка на Германците, предвреме го умреа Матеус

Германските власти направија легендарна утка и го прогласија својот поранешен фудбалски репрезентативец Лотар Матеус за мртов. Откако не успеале да го пронајдат и да му ги врачат документите за алиментација, на ковертот напишале „починат“. Матеус не ни можел да ја прими пратката бидејќи моментно живее во Унгарија, а за „Билд“ вели дека потегот на судските власти во неговата родна земја е скандалозен.

– Ова е срамно. Сите знаат дека сум жив, ме гледаат на телевизија или давам изјави за печатените медиуми – вели Матеус.

Тој е еден од најпознатите германски играчи во историјата на фудбалската игра. Со „елфот“ ја освои светската круна на мундијалот во 1990 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top