| четврток, 6 декември 2018 |

Овен Вилсон татко по втор пат

Холивудскиот актер Овен Вилсон ќе стане татко по вторпат.

Четириесет и четиригодишниот актер и неговата лична тренерка, 41-годишната Каролин Линдквист, во јануари ќе станат родители.

Вилсон со тренерката се запозна во 2007 година откако тој ја прекина врската со Кејт Хадсон. Иако подолго време се пријатели, љубовната врска ја почнаа неодамна откако Каролин се разведе од сопругот.

Како што вели пријател на актерот, Вилсон бил многу возбуден поради приновата.

Овен веќе има двегодишен син Роберт, кој го доби од врската со девојката Џејд Дуел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top