Претставниците на европската ракометна федерација немаа слух за барањата на организаторите на Регионалната ракометна лига, победникот од тоа натпреварување да има гарантиран настап во Лигата на шампионите. ЕХФ и удри „корпа“ на СЕХА на денешниот состанок во Загреб, а со тоа драстично ги намали и шансите на макдеонските претставници Вардар и Металург на полесен начин да си обезбедат настп во ЛШ.
Предлогот на челните луѓе на Регионалната лига, чии членови се и Вардар и Металург, беше првакот да игра директно во ЛШ, а вториот финалист да настапи во ЕХФ купот, но тој план нема да се реализира во догледно време. Македонскиот тандем е во врвот на регионалното натпреварување, а Вардар го освои и премиерното издание на СЕХА-лигата.
Од оваа година Регионалното натпреварување е одлично организирано, по теркот на Лигата на шампионите, но ЕХФ немаше слух за квалитетот на еден Загреб, Вардар, Металург, па и Нексе и Татран Прешов и одлучи да нема влез од СЕХА во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


