Баерн Минхен е импресивна машинерија што гази на сите полиња, а тројната круна од лани, одлично ја наплатија со два рекорди. Карл Хајнц Румениге, кој е извршен директор на клубот од Баварија објави дека ќе имаат рекордна заработка од 400 милиони евра и дека во 2013 година веќе продале над еден милион дресови.
„Порано не можевме ниту да сонуваме дека било кој германски клуб ќе продаде над еден милион дресови во една календарска година. Со гордост можам да изјавам дека Баерн ја надмина магичната граница. Освојувањето на тројната круна е неверојатен спортски успех, што ни донесе и фантастични финансиски резултати. Сигурно ќе го срушиме претходниот рекорд по заработка во една сезона, што изнесува 400 милиони евра“, изјави легендарниот германски фудбалер, сега на функцијата извршен директир на Баерн.
Ланската сезона, што опфаќа и дел од 2013 година, Баерн ја заврши фуриозно со три круни. Во мај на „Вембли“ по петти пат ја освои европската титула со победа од 2-1 против Борусија Дортмунд во финалето на ЛШ. Покрај тоа баварците ги прославија и трофеите од Бундеслигата и од националниот куп на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија


