Фернандо Торес би требало да биде казнет поради гребењето по лице на Јан Вертонген, а правилникот на Фудбалската асоцијација (ФА) би требало да се прошири, вели претседателот на ФА Грег Дајк.
Напаѓачот на Челси на 28 септември на натпреварот меѓу Челси и Тотенхем беше виден како го гребе по лицето белгискиот дефанзивец, но, сепак, не беше казнет поради тоа што судиите не го виделе тоа.
Дајк нагласи дека ќе преземе сè за да се сменат правилата на ФА.
– Навистина не може да биде во ред Дисциплинската комисија на ФА да нема овластување да казни играч поради олку очигледно гребење по лице – вели Дајк.
Тој додаде дека летоска се направени промени, кои се наменети за работи што судијата нема да ги види, но таа промена, очигледно, не е доволна.
– Милиони навивачи низ светот го видоа овој инцидент на телевизија, а ФА не реагираше. Како претседател на ФА, не сакам да сум во позиција да не можам да објаснам зошто не е реагирано на ваков очигледен пример – рече Дајк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


