Претставата „Огнени јазици“ по најновиот текст на Горан Стефановски, а во режија на Слободан Унковски интензивно се работи во Драмски театар во Скопје.
Автор на музиката во претставата, која со нетрпение се очекува од театарските сладокусци и критиката, е Златко Ориѓански.
Тие што виделе делови од неа велат дека се работи за проект на деценијата.
Премиерата е закажана за 2 ноември.
Преку следниот фајл на „Јутјуб“ можете да ја почувствувате атмосферата од претставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


