| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемени субвенциите за оризопроизводителите

­ Зголемување на субвенциите од 3 на 21 илјада денари по хектар предвидува новата владина одлука која денеска во Кочани ја соопшти премиерот Никола Груевски.

stan2

Тој рече дека одлуката е донесена во соработка со производителите на ориз и е во склад на владината политика за постојана поддршка на оваа поледелска гранка. ­

– Со најновата измена на уредбата за ориз ја зголемивме дополнителната поддршка за површина со ориз од 3 на 21 илјада денари по хектар и го исклучивме скалестото намалување за оваа дополнителна поддршка. Во наредниот период 3.131 лице од производителите на ориз ќе добијат поддршка од Владата во износ од 8.000 денари и дополнителна поддршка од 21.000 денари за сите без разлика на вкупната површина на производство, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод отворањето на нова фабрика за преработка на ориз „Левидиагро“, турска браунд инвестиција од 4 милиони евра.

Се очекува одлуката да стапи на сила деновиве по нејзино објавување во Службен весник.

Станови за 43 семејства во социјален ризик во Кочани

stan 4

Вкупно 43 семејства во социјален ризик ќе го решат своето станбено прашање со изградбата на зграда во рамки на владиниот проект за изградба на станови за лица од социјално ранливи категории. Во обиколка на градежните работи на овој објект денеска беше премиерот Никола Груевски кој од одговорните за објектот беше информиран дека работите се одвиваат согласно динамиката, дека е можно завршување на зградата и пред предвидениот рок и дека ги задоволува сите критериуми за енергетска ефикасна градба.

stan1

Градоначалникот на Кочани Ратко Димитров информира дека во населбата каде се изградени овие социјални станови веќе се изградени и три улици со средства од кредити од Светска банка. Локалните власти сметаат дека со овие две згради со вкупно 72 станбени единици во моментов се задоволуваат потребите во однос на решавањето на станбеното прашање за лица од социјалните категории. Објектот е вреден 63 милиони денари, а неговата изградба започна во август годинава. Во неговиот состав е предвиден и канцелариски простор.

stan

Ова е втор станбен објект наменет за семејства во социјален ризик и се гради веднаш до веќе изградениот објект со социјални станови во кој живеат 29 семејства од социјално ранливи категории во кои спаѓаат лица без родители, самохрани родители, лица со инвалидитет, лица приматели на социјална помош, како и семејства од малцинствата.

45e0228b-28a6-4811-a1a1-aca9522a2e28

Во рамки на владиниот проект за изградба на социјални станови досега се изградени вкупно 678 станови, а во фаза на градба е и објект со социјални станови во Македонски Брод. Вториот станбен објект со социјални станови во Кочани според планот треба да биде завршен во август 2017 година. До крајот на годинава се очекува ваков објект да почне да се гради и во Гостивар.

Обиколката на зградата е во рамки на посетата на премиерот Никола Груевски на општина Кочани каде денеска ќе биде отворена фабрика за ориз „Левидиагро“, турска инвестиција во вредност од четири милиони евра.

Премиерот Груевски направи увид во изградбата на училишната спортска сала во кочанско Оризари

sala

Премиерот Никола Груевски денеска во рамки на посетата на општина Кочани направи увид во изградбата на училишната спортска сала при ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Оризари.

sala2

Салата е со капацитет за 500 лица, опремена е со современа спортска опрема и се протега на површина од 1.300 метри квадратни. Станува збор за инвестиција вредна 40 милиони денари. Инаку, ова е втора спортска училишна сала што се гради во Кочани, а се очекува да биде готова за дваесетина дена. Салата е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали низ Македонија.

sala3

По посетата на Кочани, премиерот Груевски ќе замине за Виница каде е предвидено да ја посети австриската фабрика „Текспорт“. Предвидено е тој да има средба со жителите на село Јакимово, Виничко.

sala1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top