| четврток, 6 декември 2018 |

Унковски утревечер за првпат гостува во Загреб со „Три сестри“

Утревечер, во театарот „Гавела“ во Загреб, премиерно ќе биде изведена претставата „Три Сестри“ од Чехов, во режија на Слободан Унковски, објави „А1.он“.

unkovski-pretstava1

Ова е првпат познатиот македонски режисер да работи во Хрватска. За „Тпортал“, Унковски вели дека постои мит дека во драмите на Чехов ништо не се случува, но тоа не е така.

unkovski-pretstava2

-Се обидовме во оваа претстава да ги пронајдеме сите аспекти на животот, кој и не се променил толку многу во последните стотина години, што не’ делат од времето кога настанал овој текст. Не сакавме да нправиме модернизација или дневно политчка актуелизација, но не сакавме ниту локализација . Во оваа претстава нема да се види дека таа настанала денес, во Загреб, Хрватска. Сакавме да влеземе во просторот кој ни го остави Чехов, оној простор во кој тој пишувал и во кој денес го играме, вели Унковски за хрватскиот портал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top