| четврток, 6 декември 2018 |

Боцевски држи лекции по математика на СДСМ

Екс вицепремиерот за Европски прашања а сега професор во средното приватно училиште Нова, Ивица Боцевски се чуди на плиткоста на политичките анализи кои доаѓаат од СДСМ.

Според Боцевски пописот не се спровел во Македонија затоа што бројките се вградени во Охридскиот рамковен договор како клучни елементи за остварување на колективни етнички права.

„Тоа создава многу нервоза и оневозможува пописот да биде обична статистичка операција, наместо „политичка“ каква што ја нарекува врвото на ДУИ. Исто така, не ми е јасно како токму овие двајца, кои физички биле присутни во Охрид, не предупредиле на либанскиот пример или некои други познати примери каде што венчањето на статистичките податоци со уставните решенија води кон трајни проблеми и жестока сегментација на општествата?!?“ вели Боцевски во својот став објавен на Фејсбук.

Тој е уште пожесток за тезата што ја форсирал Пендаровски, а низ целата јавност партијата СДСМ, дека дошло до „стравичен“ пад на бројот на Македонците во државата

„Тогаш тоа значи дека во исто време дошло до „стравичен“ пораст на бруто домашниот производ по глава на жител (што ќе рече дека владината економска програма е „стравично“ поуспешна од досега прикажаното доколку се точни тврдењата на Пендаровски и врвот на СДСМ). Како „трустот пилешки мозоци“ ќе го објасни ова? Математиката неопходна за правењето на овие пресметки се учи некаде во трето одделение и подразбира знаење на операциите одземање и делење („стравично“ помалку луѓе поделено со истата бројка за економијата дава „стравично“ поголем бруто домашен производ по глава на жител)“ вели Боцевски во својата реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top