| четврток, 6 декември 2018 |

Симовски: Не е исклучено во пописот да биде вклучена и етничката припадност

Не е исклучена можноста клучниот белег за етничка и верска припадност сепак да се најде во пописот најавен за 2020-та, вели првиот човек на Дражавниот Завод за статистика Апосотол Симовски во емисијата „Отворено“ на Алфа.

Откако пред речиси еден месец откри дека пописот кој кој треба да се спроведе за две години отсега нема да ја сочинува и етничката и верската припадност, Симовски се предомисли , па вели дека можноста не била исклучена. Јавноста бурно реагираше дека ако овие белези бидат изоставени, нема да се добијат бројките за етничките заедници кои ја чинат нацијата. Но директорот на Статистика се правда – лошо бил пренесуван.

Симовски не отстапува од ставот дека пописот е статистичка операција, која ако ја содржи вакавата клучна графа процесот ќе се политизирал.

-Пописот е статистичка а не политичка операција. Додека јас сум директор на Статистика, нема да дозволам процесот да се политизира, вели Симовски.

Сакаме да го отстрaниме полето, во кое политиката може да се вмеша, битно ни е да добиеме квалитетни податоци.

Прашан дали постои страв од нешто , па се ислучува оваа глучна графа, Симовски одговара дека требало да се гледаат реалните проблеми.

– Луѓето избегаа , а ние тука се тепаме дали сме македонци или албанци, вели директорот на Статистика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top