
Македонскиот ракометен првак Вардар го победи Нексе со 29-27 во шестото коло од СЕХА регионалната лига. Откако Хрватите минатиот викенд одиграа нерешено со македонскиот тим Металург, вториот тим кој игра во оваа лига ги испрати гостите со пораз. Со оваа победа вардарци нанижаа вкупно 13 бода со што се најдоа на врвот на табелата.
Оваа победа доаѓа по бурниот почеток на неделата за „Вардар“, откако досегашниот тренер Зоран Кастратовиќ доби отказ. Вечерва црвено-црните ги предводеше Андон Бошковски. Најефикасен ракометар во редовите на Вардар беше капитенот Филип Лазаров кој постигна со шест гола, Раковиќ и Марковиќ постигнаа по пет гола. Одлична игра прикажа гостинскиот голман Перица Лелиќ, со 17 одбрани. Вујиќ постигна шест погодоци.
Вардарци играа без Дибиров, Растворцев, Брумен, Карачиќ и голманите Ангелов, Милиќ и Чаневски. Играта ја водеа Затко Даскаловски, Филип Лазаров, Столе Стоилов и Мите Стоилов, а во игра влезе и Влатко Јовчески. Ова е дефинитивно најмакедонскиот состав на вардар во последниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


