| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците одат и на трет, Макeдонките едвај на прв

Бра­кот е уба­ви­от и све­чен чин на кру­ни­су­ва­ње на љу­бо­вта. Но, сѐ по­че­сто до­а­ѓа дру­ги­от мо­мент, на­ре­чен раз­вод. Тра­у­ма, стрес, нер­во­зи, сол­зи… Се чи­ни, же­ни­те по­те­шко го пре­жи­ву­ва­ат тој стрес. Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка ма­жи­те по­че­сто се ре­ша­ва­ат за втор брак, па ду­ри и за трет, че­твр­ти…  Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка сѐ уште ги обра­бо­ту­ва по­да­то­ци­те за 2012 го­ди­на. Ста­ти­сти­ка­та од 2011 го­ди­на, пак, ве­ли де­ка 1.206 ма­жи се ре­ши­ле за втор брак. Иа­ко нај­мал­ку двапа­ти по­ми­на­ле низ стре­сот на­ре­чен раз­вод, ду­ри 98 ма­жи се ре­ши­ле суд­бо­нос­но­то„да“, иа­ко за нив и не е баш суд­бо­нос­но, да го ка­жат по тре­ти, че­твр­ти, па и пет­ти­пат. Се­дум­на­е­сет хра­бри мла­до­жен­ци од Скоп­је си се ве­ти­ле по трет­пат, а ду­ри 24 ју­на­ци до­а­ѓа­ат од Го­сти­вар. Ин­те­рес­но е што и ма­жи­те од Же­ли­но че­сто се ре­ша­ва­ат за тре­то, че­твр­то или пет­то„да“ – шест­ми­на во 2011 го­ди­на. Сле­ду­ва­ат Штип и Те­ар­це со по че­ти­ри, Те­то­во, Ку­ма­но­во, Стру­га, Лип­ко­во, Врап­чи­ште, Бр­ве­ни­ца со по трој­ца хра­бри мом­ци.

Ин­те­ре­сен е по­да­то­котде­ка во Го­сти­вар, ка­де што два­е­сет и че­тво­ри­ца се ре­ши­ле по којз­нае кој пат да за­ста­нат на лу­ди­от ка­мен, са­мо пет же­ни се ре­ши­ле на исти­от че­кор.  Во Же­ли­но од­но­со тма­жи-же­ни, ко­га е во пра­ша­ње брак по по­ве­ќе од трет обид, е 6:0. Во Те­ар­це, на при­мер, тој од­нос е 4:0, во Штип е 4:0, Стру­га и Лип­ко­во се ре­че си изед­на­че­ни 3:2, а во Те­то­во, Стру­ми­ца, Бр­ве­ни­ца , Ку­ма­но­во не­ма ни­ту ед­на же­на што се ре­ши­ла на та­ков че­кор. Во 2011 го­ди­на са­мо 35 же­ни се ре­ши­ле на брак по којз­нае којпат, од кои 13 се од Скоп­је, глав­но од Шу­то Ори­за­ри. На втор брак се ре­ши­ле 1.016 же­ни,  нај­го­лем дел од Скоп­је и од Го­сти­вар

Ка­ко при­чи­на што же­на­та по­ре­тко се ре­ша­ва на втор брак, освен стре­сот, се на­ве­ду­ва и ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво. Тра­ди­ци­о­нал­но­то ма­ке­дон­ско оп­штес­тво же­на­та по рас­пад­на­ти­от прв брак вед­наш ја по­со­чу­ва, ја гле­да ка­ко „обе­ле­жа­на“, без раз­ли­ка да­ли зад про­пад­на­ти­от брак по­стои ед­на „јав­на тај­на“де­ка таа би­ла жр­тва во таа за­ед­ни­ца. Со­ци­јал­ни­от при­ти­сок нај­че­сто, ако не и се­ко­гаш, па­ѓа врз же­на­та, де­ка таа е „ви­нов­на­та“, па ду­ри и ако по­ра­неш­ни­от пи­ел, ја те­пал, или одел во ту­ѓа по­сте­ла- таа е ви­нов­на де­ка „не го скро­ти­ла ма­жот“.

 Ма­жот не знае да се гри­жи сам за се­бе

– Бра­ко­ви­те, за жал, и тие што се вен­ча­ле во цр­ква, сѐ по­че­сто се рас­ту­ра­ат. За­тоа што не са­ка­ле да по­ка­жат сми­ре­ние, по­ра­ди нив­на­та гор­де­ли­вост, по­ра­ди тоа што се­кој са­ка да ко­ман­ду­ва за­бо­ра­вај­ќи де­кагла­ва во ку­ќа­та е ма­жот, а же­на­та е подв­ла­сте­на на ма­жот. Не де­ка ѝ се од­зе­ме­ни пра­ва­та, таа има и по­го­ле­ми пра­ва од ма­жот. Таа има по­го­ле­ми пра­ва од ма­жот, ѝ да­ваду­ша на ку­ќа­та, но од неа за­ви­си ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја. Јас твр­дам де­ка же­ни­те или ќе ја спа­сат или ќе ја уни­штат на­ша­та ма­ке­дон­ска на­ци­ја и цр­ква. Тоа што ќе се зач­не во утро­ба­та на мај­ка­та тре­ба да се ро­ди за­тоа што са­мо та­ка ќе оп­ста­не­ме и ка­ко на­ци­ја на­род и ка­ко др­жа­ва и ка­ко цр­ква.  Абор­ту­сот е не­при­фат­лив и тре­ба да се ос­ло­бо­ди­ме од за­ви­ста – ре­че вла­ди­ка­та Пе­тар.

Де­ка осу­да­та од оп­штес­тво­то е нај­го­ле­ма­та при­чи­на што  же­на­та не се ре­ша­ва на втор брак, сме­та и на­ши­от со­го­вор­ник Сте­фан На­у­мов­ски, кој е еден од тие што се ре­ши­ле на тре­та сре­ќа.

-Во тој кош би ја сме­стил и из­ја­ва­та на вла­ди­ка­та. Кол­ку и таа да на­и­де на осу­да, вле­чеј­ќи ко­рен во тра­ди­ци­ја­та, таа ќе вли­јае на пот­хра­ну­ва­ње и на про­дол­жу­ва­ње на пре­дра­су­да­та. Од дру­га стра­на, соз­на­ни­ја­та ве­лат де­ка жен­ска­та „гол­го­та“ при из­лез од бра­кот е не­кол­ку ­крат­но по­го­ле­ма од таа што ја по­ми­ну­ва ма­жот, па и не е за из­не­на­ду­ва­ње во­оп­што и да не по­са­ката­ков вид вр­зу­ва­ње. Осо­бе­но што нај­го­ле­ми­от број же­ни го „тр­пи“ не­ус­пеш­ни­от брак од со­цио-еко­ном­ска при­чи­на. Про­сто, же­на­та те­шко до­а­ѓа до ра­бо­та, осо­бе­но ако има де­ца, неј­зи­но­то се­мејс­тво не ре­тко не ја при­фа­ќа „на­зад“, не­ма ка­де да се сме­сти, а др­жа­ва­та не ну­ди мож­но­сти или тие се пре­скром­ни, да не ре­чам по­ло­ши од ус­ло­ви­те од кои бе­га – ве­ли на­ши­от со­го­вор­ник.

Married-couple-ring-exchange

Тој не ги за­о­би­ко­лу­ва ни­ту де­ца­та, кои, нај­че­сто, по раз­во­дот оста­ну­ва­ат кај мај­ка­та. А, тоа соз­да­ва два ас­пе­кта. Ед­ни­от е чи­сто пси­хо­ло­шки, не­што што мо­дер­ни­те фе­ми­нис­тки го по­со­чу­ва­ат, а тоа е де­ка же­на­та- мај­ка е осоз­на­е­на, ре­а­ли­зи­ра­на и ис­пол­не­та же­на,ко­ја се­га те­шко би ја ме­ну­ва­ла сво­ја­та не­за­вис­ност и по­ра­ди со­ци­јал­на­та при­ро­да на по­томс­тво­то ка­ко „на­ло­же­но“не­ко­му и комп­ли­ка­ци­и­те што мо­же да ги до­не­се.

-Вто­ри­от ас­пект по­втор­но ле­жи во кон­зер­ва­тив­но­ста на оп­штес­тво­то, ма­жи­те бе­га­ат од од­го­вор­но­ста жал­но на­ре­че­на „ту­ѓо де­те“. А, за ма­жи­те? Ма­жи­те, кол­ку и да зву­чи про­сто, не се спо­соб­ни да се гри­жат за се­бе, го не­ма­ат тој со­ци­ја­лен то­вар од обе­ле­жа­но­ста, а и да се има де­тешто е кај мај­ка­та не прет­ста­ву­ва ма­ка за но­ва­та вр­ска, но и да е дел од но­во­то се­мејс­тво, не­ли, тој тре­ба да е „гла­ва“ на се­мејс­тво­то и при­каз­на­та да поч­не „нов круг“– до­да­ва На­у­мов­ски.

Ма­ке­дон­ци­те сме­та­ат де­ка по­лес­но ќе нај­деш же­на што ќе са­ка да зе­ме маж со де­те откол­ку маж што ќе зе­ме же­на со де­те. Не­кои, пак, ве­лат де­ка при­чи­на­та што ма­жот по­лес­но се ре­ша­ва за нов брак се ево­лу­ци­ски мо­мен­ти, ка­ко де­ца, про­дол­жу­ва­ње ге­ни…  Мно­гу­ми­на од ма­жи­те и не го раз­би­ра­ат пра­ша­ње­то  – зо­што се ре­ши за трет брак, од ка­де хра­брост. Тие ве­лат, исто ти е и за прв, и за втор и за трет…

Раз­вод по­ра­ди раз­лич­ни жел­би за име на де­те­то

Во Ма­ке­до­ни­ја лу­ѓе­то сѐ по­мал­ку и сѐ по­те­шко се ре­ша­ва­ат на брак, а сѐ по­че­сто се ре­ша­ва­ат за раз­вод. Во 2011 го­ди­на би­ле пре­ки­на­ти 1.753 бра­ка. Нај­че­сто бра­ко­ви­те „пу­ка­ат“ во зим­ски­те ме­се­ци,  183 во де­кем­ври, 185 во но­ем­ври, 176 во фе­вру­а­ри, 175 ја­ну­а­ри.  При­чи­ни­те се поз­на­ти – мла­ди­те жи­ве­ат со ста­ри и раз­лич­ни­те ге­не­ра­ци­ски сфа­ќа­ња и пог­ле­ди пра­ват ка­ра­ни­ци, кои по­не­ко­гаш до­ве­ду­ва­ат до тоа ма­жот, за­гу­бен во про­сто­рот, да се ста­ви во од­бра­на на ро­ди­те­ли­те. Не знае ка­ко да ја за­шти­ти со­пру­га­та, а при­тоа да не ги на­вре­ди ро­ди­те­ли­те… Бес­па­ри­ца, кон­зер­ва­тив­ни сфа­ќа­ња, не­верс­тво, ал­ко­хо­ли­зам, се­меј­но на­силс­тво…

По­не­ко­гаш при­чи­ни­те се ба­нал­ни. Од­нос­но по ни­за не­сог­ла­су­ва­ња „пу­ка“ на нај­ба­нал­на­та ра­бо­та. Кр­сте Ма­ља­нов­ски, ди­ре­кто­рот на Ме­ѓу­оп­штин­ски­от цен­тар за со­ци­јал­ни ра­бо­ти на гра­дот Скоп­је, за „Дој­че ве­ле“ по­со­чи де­ка би­ле под­не­се­ни ба­ра­ња за пре­кин на брач­на­та за­ед­ни­ца за­тоа што брач­ни­те парт­не­ри не мо­же­ле да се до­го­во­рат за име­то на ту­ку­што ро­де­но­то де­те. То­гаш Ме­ѓу­оп­штин­ски­от цен­тар за со­ци­јал­ни ра­бо­ти на Скоп­је, во уло­га на ста­ра­тел на тоа де­те од ве­ќе раз­ве­ден брак, бил за­дол­жен да му да­де име.

razvod 5

 Сѐ тре­ба да се ме­ри

Лес­но е да се рас­ту­ри не­што, те­шко е да се за­др­жи тоа што го има. По­го­лемброј од бра­ко­ви­те што се рас­пад­на­ле, се рас­пад­на­ле во пр­ви­те го­ди­ни од склу­чу­ва­ње­то. 352 же­ни на во­зраст од 35 до 39 го­ди­ни се ре­ши­лена раз­вод, 322 на во­зраст од 30 до 34 го­ди­ни, 261 на во­зраст од 25 до 29 го­ди­ни. Кај ма­жи­те 342 се раз­ве­ле на во­зраст од 30 до 34 го­ди­ни, 340 на во­зраст од 25 до 29 го­ди­ни. Ка­ко да се за­др­жи бра­кот?

-Бра­кот оп­ста­ну­ва ако двај­ца­та се свес­ни де­ка сѐ тре­ба да се ме­ри и де­ка тре­ба да се из­би­ра од две­те зла по­ма­ло­то. Јас не гле­дам не­ка­ква раз­ли­ка ме­ѓу го­ди­ни­те по­ми­на­ти во вр­ска и тие по­тоа во брак. Ко­га се из­би­ра од две­те зла по­ма­ло­то зна­чи де­ка ако му пре­ре­чам што не го истрил тен­џе­ре­то пред да го ста­ви во ма­ши­на, си­гур­но ќе се ска­ра­ме и од тен­џе­ре­то ќе ста­са­ме до којз­нае ка­де. Ако не му пре­ре­чам и си го пре­ми­јам, ќе си жи­ве­е­ме среќ­но. Се­ка­ко, ќе нај­дам на­чин ко­га не­ма да би­дам нер­воз­на, да му го ка­жам тоа на смеа. Уште ед­на мно­гу бит­на ра­бо­та е се­мејс­тво­то.Двај­ца­та тре­ба да би­датсвес­ни де­ка се­га тие се се­мејс­тво и де­ка тре­ба да се за­шти­ту­ва­ат, а не да тег­нат кон сво­и­те ро­ди­те­ли. Ако ги сле­дат овие две на­че­ла, не­ма да има за што да се ка­ра­ат.Дру­ги­те ра­бо­ти се стан­дард­ни за се­ко­ја вр­ска: ком­про­мис, до­вер­ба, до­го­вор… – ве­ли 31-го­диш­на­та Ка­те­ри­на, ко­ја е не­кол­куго­ди­ни во брак.

Де­ка бра­кот оп­ста­ну­ва пре­ку ди­ја­лог и ком­про­мис се сог­ла­су­ва­ат по­го­лем дел од тие што има­ат, ус­лов­но ка­жа­но, ус­пе­шен брак. Но, не се сог­ла­су­ва­ат си­те де­ка пр­ви­те го­ди­ни се нај­кри­тич­ни.

-Не се кри­тич­ни пр­ви­те го­ди­ни. Кри­тич­ни се тие по пр­ви­те три-че­ти­ри го­ди­ни. Пр­ви­те се нај­лес­ни, уште ле­та­ат пе­пе­ру­ги, но ко­га сѐ ќе вле­зе во ру­ти­на поч­ну­ва­ат и кри­зи­те – ве­ли 35-го­диш­ни­от Вој­дан.

Не ре­тки се и тие бра­ко­ви, кои сѐ уште по­сто­јат на хар­ти­ја, но не функ­ци­о­ни­ра­ат. Или брач­ни­те парт­не­ри се раз­де­ле­ни, жи­ве­ат од­дел­но, ко­му­ни­ци­ра­ат и се гле­да­ат са­мо по­ра­ди де­ца­та, или, пак,жи­ве­ат за­ед­но, но се­кој со свој по­се­бен жи­вот.

По­ста­ри­те, пак, сме­та­ат де­ка де­нес мла­ди­те се со „по­кра­ток фи­тиљ“ и де­ка еман­ци­па­ци­ја­та и зго­ле­му­ва­ње­то на пра­ва­та на же­на­та се глав­ни­те при­чи­ни за раз­вод.

-Мис­ли­те ме­не ми те­че­ле мед и мле­ко? Ни нај­мал­ку. Се зна­е­ло кој е гла­ва во до­мот. Сум ви­де­ла и уба­во и ма­ка. Ка­ра­ни­ци има­ло, и нор­мал­но е да има. Проб­ле­мот е ка­ко нај­лес­но и нај­без­бол­но да се ре­ши проб­ле­мот. Де­нес мла­ди­те се на­у­чи­ле за се­ко­ја ка­ра­ни­ца да се за­ка­ну­ва­ат со раз­вод, же­на­та да оти­де кај ро­ди­те­ли­те, па да се тег­нат на­ва­му на­та­му. По­ра­но до­маш­ни­те проб­ле­ми оста­ну­ва­ле и се ре­ша­ва­ле во до­мот – ве­ли 65-го­диш­на­та Дра­ги­ца.

По пе­де­сет го­ди­ни брак, ед­на брач­на двој­ка ве­ли:

-Де­нес мла­ди­те те­шко го за­др­жу­ва­ат бра­кот. И ние имав­ме мно­гу проб­ле­ми, но, се­пак, ги над­ми­ну­вав­ме. Се­ко­гаш им ка­жу­вам на мо­и­те ќер­ки и вну­ци де­ка љу­бо­вта е ед­но, а бра­кот е дру­га ра­бо­та. Ко­га сте двој­ка има­те вре­ме по­ве­ќе за вас во смис­ла на друж­ба и ше­та­ње и тоа е љу­бов, но ко­га ќе ста­пи­те во брако б­вр­ски­те се по­го­ле­ми, осо­бе­но ко­га ќе се ро­дат де­чи­ња, мо­ра да се по­чи­ту­ва­ат по­ста­ри­те и ро­ди­те­ли­те. Мом­че­то го са­каш, а тре­ба и не­го­ви­теро­ди­те­ли, би­деј­ќи таа ста­ну­ва вто­ра мај­ка, и да имаш по­чит спре­ма неа. Са­мо та­ка ќе жи­ве­е­те во сло­га. Но, вред­но­сти­те по­ра­но беа по­го­ле­ми. Се­га мла­ди­те сѐ по­мал­ку има­а тмо­рал­ни вред­но­сти, не им се до­ка­жу­ва. Јас се тру­дев до­бро да ги вос­пи­там моите деца.Ко­га одев­ме со со­пру­гот на ра­бо­та им ка­жу­вав­ме на де­ца­та кои об­вр­ски да ги за­вр­шат и тие тоа и го пра­веа. Или ко­га не­мав­ме па­ри тие го раз­би­раа тоа. А, се­га по­ве­ќе­то не се та­кви, гле­да­ат мно­гу на ма­те­ри­јал­на­та стра­на.

 razvod

 Се­ко­ја де­сет­та двој­ка глу­ми сре­ќен брак

Во све­тот, ни бра­котве­ќе не е тоа што бе­ше. Оваа ин­сти­ту­ци­ја дол­го вре­ме гу­би на сво­ја­та вред­ност од ми­на­то­то. Ста­ти­сти­ка­та спро­ве­де­на воСАД и во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја јас­ного­во­ри за фа­ктот де­ка се­ко­ја де­сет­та двој­ка глу­ми сре­ќен брак пред сво­и­те де­ца. На двој­ки­те ве­ќе не им е важ­на тол­ку нив­на­та сре­ќа, кол­кусре­ќа­та на нив­ни­те де­ца. Но,мал­ку­ми­на од нив зна­ат де­ка со та­кви­от чин соз­да­ва­ат ло­ша сли­ка за бра­кот и за ро­ди­телс­тво­то пред ма­ли­те де­ца. Де­ца­та се ран­ли­ви су­штес­тва и тие уште од ра­на во­зраст ќе има­ат по­греш­на пер­цеп­ци­ја за сре­ќен брак и жи­вот.  По­ло­ви­на од бра­ко­ви­те што се склу­че­ни де­нес оп­сто­ју­ва­ат са­мо по­ра­ди де­ца­та, а ед­на тре­ти­на од двој­ки­те го од­ло­жу­ва­ат раз­во­дот до­де­ка де­ца­та не на­вр­шат 18 го­ди­ни.

Си­те пси­хо­ло­зи и со­ци­јал­ни ра­бот­ни­ци,спо­ред мно­гу­те искус­тва, твр­дат де­ка за ед­но де­те се­ко­гаше по­до­бро да жи­вее со раз­ве­де­ни ро­ди­те­ли, откол­ку по­ло­ви­на од свој жи­вот да би­де ко­ри­сте­но и ма­ни­пу­ли­ра­но ка­ко пред­мет од ро­ди­те­ли­те. Мно­гу по­без­бол­но за си­те е до­бар раз­вод, откол­ку лош брак.
Пишува: Билјана Зафирова
(Објавено во 36. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top