Легендарниот фронтмен на уште полегендарната македонска група Мизар работи на нов албум но засега не сака да коментира за новите песни.
Горазд Чаповски веќе неколку месеци интензивно работи на музиката и текстовите за новиот проект кој би требало да излезе на пазарот околу нова година.
Редовниот колумнист на неделникот „Република“ одбива да ги коментира информациите кои кружат во музичките кругови а според кои се работи за десетина нови песни на кои што ќе му помага екипа од неколку познати македонски музичари.
фото: Сергеј Дамовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


