
Жиле и малата Морган
Познатото куче од Македонија, Жиле, кое доби „американска виза“, станува вистинска ѕвезда. Жиле, од чувар на планината стана чувар на малата шестгодишна Морган, која има сетилни нарушувања. Таа е премногу осетлива, плаче без причина, има панични напади и секогаш бара да биде заштитена и чувана. Морган е посвоена од страна на Џон и Ким Хамон. Тие веста за парализираниот Жиле ја видоа на интернет – објави Телеграф.
– Светот не го гледа Жиле таков каков што е, душа која не дозволила да падне поради парализата. И ние никогаш нема да го третираме како парализирано куче, туку секогаш ќе правиме да се чувствува како крал на планината – објасни Ким Хамон, додавајќи дека не сака да го спасува, туку на тоа куче да му го даде животот што го заслужува.
Приказната за кучето е објавена од страна на најголемата американска компанија за колички за миленици „Хендикеп петс“, која го промовира Жиле пред своите фанови. Можеме да бидеме горди што Жиле стана куче на неделата! Компанијата објаснува дека Жиле било планинско куче кое сега е среќно удомено во Пенсилванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


