Неодамна балканските медиуми наголемо пишуваа дека хрватскиот бизнисме Јосип Раделјак е во врска со нашата пејачка Калиопи. Сега, како дел од нејзината голема балканска турнеја, таа е во Загреб, каде ја искористи приликата да ѝ открие на јаноста каков е всушност нивниот однос.
Приказната почнува оваа пролет кога Калиопи присустуваше на неколку модни настани во Загреб. Друштво тогаш и правеше Лана Раделјак, ќерка на дотичниот бизнисмен. Токму така и почнаа гласините за нејзината наводна врска со Јосип.
– Мојот однос со Јосип е пријателски, како и со целата фамилија Раделјак и се основа на многу побитни работи отколку на тоа што се пишуваше. Лана има изграден стил и како и секое девојче на нејзини години води сметка за модата. Тоа што бевме на „Фешн Вик“ беше од радозналост, затоа се пријателите тука. Многу ми е смешно ако излезам со некого на кафе или на ручек веднаш тој ми е нешто. Ги разбирам медиумите, би била среќна кога би можела да им понудам интересна приказна. Кога ќе има сигурно ќе излезе, бидејќи кога сум заљубена тоа не го кријам- вели Калиопи за хрватски „Дневник“.
Големата балканска турнеја Калиопи ќе ја заврши со концерт во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.